X
 05.10.2020 Живот

КАМ маркет со донација во вредност од 37.000 евра за службите што се борат против пандемијата и за социјално загрозените семејства

Во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија, компанијата КАМ доо летово дистрибуира донации за 675 социјално загрозени семејства низ нашата земја (Битола, Валандово, Радовиш, Ресен, Струмица, Тетово, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Илинден и Аеродром). Социјалните пакети беа со единечна вредност од околу 1.000 денари, или вкупно 10.222 евра, односно 633.825 денари.

Нашата компанија продолжува да соработува и со уште 18 општини на ниво на Р. С.Македонија, заеднички да им се помогне на загрозените и да им се даде безрезервна поддршка на уште 1.200 семејства, со вкупна донација во износ од 18.174 евра, односно 1.126.800,00 денари.

Доставени се 1.020 донации со пакети со храна и средства за хигиена во вкупна вредност од 957.780,00 денари (15.500 евра) до домовите на социјално загрозени семејства во следните 16 општини: Штип, Кавадарци, Велес, Гостивар, Дебар, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Гевгелија, Неготино, Струга, Сарај, Бутел, Чаир и Ѓорче Петров.

1

Во тек е поделба на донации и за социјално загрозени семејства за Општина Прилеп и Општина Охрид во вредност од 169.020 денари.

За повеќе институции, КАМ обезбеди донации во вид на 570 ваучери за пазарување во вредност од по 1.000 денари или вкупно 570.000 денари (односно 9.200 евра) за да им помогне и да им го олесни работењето на 570 вработени во инфективните одделенија во општите болници, кои деноноќно се ангажирани во борбата против пандемијата и последиците врз здравјето на граѓаните на нашата земја.

2

Досега се поделени 481 ваучер за пазарување во вредност од по 1.000 денари, во вкупна вредност од 481.000 денари (односно 7.760 евра) за вработените во инфективното одделение кои се најдиректно инволвирани во борбата со вирусот Ковид-19 во следниве здравствени установи: Универзитетска клиника за инфективни болести Скопје,  Градската општа болница „8 Септември“, Центарот за јавно здравје Скопје, ЈЗУ Гостивар, ЈЗУ Дебар, ЈЗУ Кичево, ЈЗУ Струмица, ЈЗУ Охрид, ЈЗУ Прилеп, ЈЗУ Штип и ЈЗУ Велес.

3

4

Во тек е поделба на уште 89 ваучери во вредност од по 1.000 денари или вкупно 89.000 денари  (1.435 евра) за 89 вработените во инфективните одделенија на следниве здравствени болници: ЈЗУ Битола, ЈЗУ Кавадарци, ЈЗУ Куманово и ЈЗУ Тетово.

Како општествено одговорна компанија, КАМ доо настојува да дејствува во согласност со локалната заедница и да има слух за нејзините потреби, а тие вредности особено доаѓаат до израз во вонредни ситуации, кога е неопходно да се биде присутен, солидарен и да им се даде поддршка и помош на оние што во овој период имаат клучна улога во грижата за целото општество.

5

6

Соодветно на потребите, КАМ доо и понатаму ќе продолжи да им помага на сите институции и поединци што имаат потреба, а кои цело време неуморно и несебично се трудат да ја работат својата работа најдобро што умеат во спречувањето на ширењето на пандемијата и давањето помош на оние на кои таа им е потребна.

7

8

КАМ ќе продолжи да дејствува за општото добро, како дел од спроведувањето на стратегијата на општествено одговорно работење и хуманитарно дејствување.

9


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот