X
 19.06.2020 Живот

Компанија во Уганда прави штитници за лице од рециклирани пластични шишиња

Двајца претприемачи од Уганда што работат на претворање на пластичниот отпад во градежни материјали сега се насочија кон справување со недостигот на лична медицинска опрема за заштита во болници кои ги третираат пациентите заболени од Ковид-19.

Откако владата наредила да се затворат голем број бизниси, Питер Оквоко и неговата колешка Пејџ Балком, коосновачи на „Такатка пластикс“, продолжиле со нивната работа. Но, наместо да создаваат работи како  плочки за покрив, тие почнале да го рециклираат отпадот во штитници за лице за медицинските работници.

Откако објавиле слика од нивниот прототип на социјалните мрежи, добиле повик од регионалната болница, која барала 10 штитници за лице бидејќи немала доволно. Питер и Пејџ успеале да ја завршат нарачката и да ја достават. Попладнето истата болница им побарала уште штитници.

plastika
Фото: Takataka Plastics

Со недостиг на заштитна опрема се соочува целиот свет, а болниците во Уганда не се исклучок. „Такатака пластикс“ досега има направено 1.200 штитници за лице. Уште поинспиративно е тоа што од 14 вработени во компанијата, шестмина некогаш биле бездомници.

Околу 500 од штитниците им биле продадени на невладини организации и приватни болници по ниска цена, додека другите 700 биле донирани во државните болници.

Компанијата се надева дека со успехот што ѝ го донеле штитниците за лице ќе ги прошири своите активности во посоодветен објект за обработка и рециклирање на пластика.

Извор: Good News Network
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот