Денес е четврток, 11 август 2016 година, 224-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 05:33, а ќе зајде во 19:42 часот. Денот ќе трае 14
часа и 9 минути.
И денеска денот го започнуваме со сончево и топло утро. Насекаде во
Македонија е сончево, а појава на слаба локална облачност има во
источните предели.
МАКЕДОНИЈА - Во Македонија утринските и претпладневните часови ќе биде
претежно сончево со појава на локална облачност и топло. Попладне
зголемување на облачноста и продор на ладна и нестабилна воздушна маса
од север, која што може да услови врнежи од дожд во северозападните,
северните и североисточните предели, а во вечерните часови во
југоисточните и источните предели проследени со засилен северозападен
ветер. Во останатите предели ќе биде умерено облачно со сончеви периоди.
Слаб ветер од променлив правец, а во вечерните часови долж Повардарието
како и во источните и југоисточните предели ќе дува засилен
северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските
температури од 11 до 21 степен, а максималните температури од 25
односно до 36 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје ќе биде претежно сончево со појава на локална
облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста и услови за слаби
врнежи од дожд кои ќе бидат прорпратени со умерен северозападен ветер
кој во вечерните часови ќе се засилува и ќе има брзина и до 30 км/ч.
Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна до 33
степени. УВ индекс 7.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок умерено облачно со повремени
сончеви периоди, ветровито и свежо време со температури кои се пониски
од просечните за овој приод од годината. Утринските од 10 до 19 степени,
а максималните од 16 до 27 степени. Во сабота и недела по студените утра
во текот на денот сончево и потопло. Утринските температури од 7 до 16
степени, додека пак дневните во сабота од 19 до 30 степени, а во недела
од 21 до 32 степени. Во понеделник сончево и потопло време со максимални
температури кои ќе достигнат до 24 односно до 35 степени.
Weather4all.com.mk