X
 16.11.2016 Живот

Какво време да очекуваме до крајот на неделата?

Денес е среда, 16 ноември 2016 година, 321-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:19, а ќе зајде во 16:16 часот. Денот ќе трае 09 часа и 57 минути.

Во Македонија ова утро имаме студено и претежно ведро време. Во северните и централните предели како и еден мал дел од југозападните имаме појава на магла и ниска облачност која постојано ке се намалува.

МАКЕДОНИЈА - Во утринските часови појава на умерен мраз и но и појава на магла, која што може да услови и намалена видливост и помала од 100 метри. А по студено утро со утрински температури кои ќе се движат од -7 до 1 степен, во текот на денот ќе биде претежно сончево и малку потопло време. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели слаб југозападен ветер. Максималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 12 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови ќе има појава на слаба магла и ниска облачност која во раните претпладневни часови ќе се намалува и во текот на денот се очекува претежно сончево време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -3 степени, а максималната дневна до 9 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – И во наредните денови, Македонија ќе биде под антициклонско влијание кое што ќе услови претежно сончево време со локална облачност но и потопло со пораст на максималните температури. Во четврток претежно сончево време со појава на локална облачност и повисоки утрински температури кои ќе се движат од -2 до 6 степени, а максималните дневни од 6 до 15 степени. Во петок претежно сончево и потопло време со дневни температури кои ќе бидат во пораст и ќе се движат од 8 до 17 степени. Во сабота претпладне претежно сончево, попладне зголемување на облачноста и ќе преовладува умерено облачно време со максимални температури од 6 до 15 степени. Во недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне со услови за врнежи од дожд претежно во северозападните, западните и југозападните предели и температури од 5 до 14 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот