Во Македонија во четврток претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло.
Попладне продор на влажна и нестабилна воздушна маса од север која што ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици кои што ќе бидат пропратени со умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели со умерен североисточен ветер. Локално со услови за појава на невреме.
Умерено облачно со сончеви периоди во текот на целиот ден ќе биде во крајните западни и југозападните предели.
Утринските температури од 10 до 19 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 31 степен.
СКОПЈЕ
Во четврток претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринскат температура од 16 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 28 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
Во петок преодна стабилизација на времето. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и со дневни температури до 21 односно до 29 степени.
Во деновите од викендот не очекува нестабилно време со врнежи од дожд и посвежо со пад на температурите. Локално се очекуваат да наврнат и до 15 литри дожд. Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, а дневните од 13 до 22 степени.
Од понеделник процес на стабилизација на времето, ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и дневни температури до 17 односно до 25 степени.
Извор: weather4all.com.mk