Републиканскиот кандидат за претседател на Америка, Доналд Трамп, за време на еден неодамна одржан говор во Охајо, повика на екстремно вето кога станува збор за прифаќање на имигрантите во Америка.
Милијардерот повика на „идеолошки тест“ за новите емигранти, во борбата против исламскиот екстремизам.
Критичарите истакнуваат дека тестирањето за западните либерални вредности како што се верска толеранција и ставови кон истополовите врски/бракови веројатно е неетичко и логистички тешко.
Според неговата противничка, демократскиот кандидат Хилари Клинтон, идејата на Трамп е „циничен трик“.
Имајќи го сето ова во предвид, дали вие би успеале да станете државјанин на оваа земја, според Доналд Трамп?