X
 21.04.2017 Култура

Дознајте дали би поминале на новиот тест за државјанство за Австралија

Кои се боите на австралиското абориџинско знаме? Кој официјален симбол на Австралија го идентификува Комонвелт имотот? Што се случило во Австралија на 1 јануари 1901 година?


pasosh
 Фото: iStock

Одговорете точно на вакви и слични прашања поврзани со Австралија и ќе можете да бидете блиску до положување на квизот за австралиско државјанство.

Квизот можете да го направите ТУКА.

Но, австралиските власти вчера објавија дека тестот за државјанство ќе биде променет и ќе биде многу потешко, со што мигрантите ќе добиваат прашања за нивната посветеност кон австралиските вредности со цел да се отстранат терористите и криминалците.

Некои од новите прашања се: „Под кои околности е соодветно да им го забраните образованието на девојките?“ како и „Дали може да ја нападнете вашата сопруга во приватноста на вашиот дом?“.

Портпаролката за надворешни работи, Пени Вонг ги наведува причините зошто таа смета дека новиот тест би бил бесполезен.

„Што вели нашиот моментален залог? Вели дека сите се колниме на верност кон Австралија и нејзиниот народ чии демократски верувања ги делам, чии права и слободи ги почитувам и чии закони ги бранам. Тоа е нашиот моментален залог за државјанство. Видов предлози за прашања поврзани со насилство врз жените - да се потсетиме дека ова се кривични дела кои се пропишани со кривичното право во Австралија. Ова е најтешкиот начин да се осигураме дека ова се вредностите кои луѓето ги почитуваат“, вели таа.

Од кандидатите ќе се бара да живеат во Австралија како постојан жител најмалку четири години и ќе им биде дозволено да паднат на тестот само три пати.

Во моментов, не постои ограничување за тоа колку пати може да се падне на тестот за австралиско државјанство.

„Членството во ова австралиско семејство е привилегија и треба да им биде дозволено на оние кои ги поддржуваат нашите вредности, ги почитуваат нашите закони и сакаат да работат напорно со интегрирање и придонес за уште подобра Австралија“, вели премиерот на Австралија.

Исто така, неговата влада спроведува уште неколку други реформи поврзани со државјанството, кои ќе важат за другите кандидати:

- Кандидатите ќе мораат да покажат чекори кои ги презеле за интегрирање и придонес за австралиската заедница (доказ за вработување, членство во организации во заедницата, запишувањето во училиште на сите деца)

- Тестот за државјанство ќе вклучува „нови и значајни прашања“ поврзани со сфаќањето и посветеноста на кандидатот за заедничките вредности и одговорности во Австралија;

- Кандидатите кои ќе мамат за време на тестот за државјанство автоматски ќе паднат. Секое однесување кое нема да биде во согласност со австралиските вредности ќе се смета како дел од процесот на државјанство.

„Криминалните активности вклучувајќи го и семејното насилство или вмешаноста во организиран криминал не е во согласност со австралиските вредности“, изјави Турнубул, премиерот на Австралија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура