X
 06.10.2020 Живот

Заев: Неопходни патувања во Србија, Косово, Црна Гора и БиХ без ПЦР-тест

По препорака од Комисијата за заразни болести, Владата денеска донела одлука за отворање на границите без ПЦР-тест за државјани од Србија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина, информира премиерот Зоран Заев на неговата официјална фејсбук-страница.

- Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји без обврска да приложат негативен тест. Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик за јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од Ковид-19 - напиша Заев.

Одлуката стапува во сила од понеделник, 12 октомври 2020 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот