Младите кои веќе одлучиле да студираат на некој од факултетите на универзитетот св. „Кирил и Методиј” денес и утре ќе имаат можност да поднесат документи. Од 25 илјади слободни места предвидени според конкурсот за прием на студенти на петте државни универзитети, на скопскиот има 10.535.
Износот за партиципација е 200 евра во државна квота, 100 евра за дисперзираните студии и од 100 до 400 евра за кофинансирање и за вонредни студии.
Вториот уписен рок на УКИМ е 5 септември, а на факултетите на кои ќе останат слободни места ќе има и трет рок на 15 септември, кога и почнува новата студиска година.
КОНКУРС ЗА УПИС НА УКИМ