X
 19.08.2016 Наука

Што го поттикнува чувството на "дежа ву"?

На француски „дежа ву“ значи „веќе видено“ и го опишува феноменот на имање на силно чувство дека искуството што го имаме во сегашноста веќе сме го доживеале во минатото. Научниците се обидуваа со векови да објаснат што го поттикнува чувството на „дежа ву“ и зошто. Но сега тим на невролози можно е да ги има одговорите.

 

Под водство на Акира О' Конор од Универзитетот „St Andrews“ во Обединетото Кралство, тимот научници откри како да се предизвика чувството „дежа ву“ во лабораториски услови, правејќи нешто што е спонтано, минливо  и непредвидливо брзо да се утврди. 


дежа ву студија 

 

Тие го направија тоа со лесен и паметен „трик“ кој се користи од страна на невролозите за да всадат лажни сеќавања во главата на нивните учесници. Како што Џесика Мазелоу објаснува во магазинот „New Scientist“ ова вклучува рецитирање на листа од поврзани зборови како:  кревет, перница, ноќ и спиење, но намерно испуштање на еден, најочигледен збор што ги поврзува сите нив, а во овој случај тој збор е спиење.

 

Учесниците подоцна се прашани за сите зборови кои ги слушнале и почесто или не, ќе се колнат дека го чуле зборот спиење заедно со другите зборови. Тоа е начинот да всадите лажна меморија, но не е сосема исто нешто како дежа ву. Па затоа О'  Конор со нејзиниот тим додале нов чекор.

 

Во првиот дел од експериментот каде учесниците ги слушаа поврзаните зборови, научниците ги прашуваа дали слушнале збор што започнал на „с“. Се разбира дека не слушнаа, па затоа одговорија „ не“. Подоцна кога учесниците беа запрашани да се потсетат на сите зборови што ги слушнале тие знаеја од претходно дека не слушнале збор што започнува на буквата „с“, но истовремено лажното сеќавање на зборот спиење било вградено, па тоа некако се чинеше познато.


Испробување на оваа техника врз 21 учесници, истражувачите набљудувале што се случувало во нивниот мозок како што го доживеале чувството „дежа ву“. Интересно е што и покрај тоа што техниката вклучува вежби на меморијата и на учесниците им била дадена лажна меморија, деловите од мозокот поврзани со меморијата не биле оние кои се „осветлуваат“ за време на fMRI скенирањето.


 

На Меѓународната конференција за меморија во Будимпешта, Унгарија, минатиот месец О' Конор  кажал дека за време на искуството на „дежа ву“ предните области од мозокот поврзани со донесување на одлуки биле активирани. Па како тогаш донесувањето одлуки има поврзаност со чувството што сте го доживеале нешто претходно? О' Конор изјавил за „New Scientist“ дека се сомнева дека чувството е предизвикано од страна на мозокот што се движи низ она што се нарекува „банката на меморијата“ и сигнализира дека има некој вид на грешка- Се чувствувам како да сум го доживеал ова порано, но немам сеќавање за тоа.


Од една страна може да биде од корист бидејќи „дежа ву“ ја сигнализира способноста на нашиот мозок да  провери дали „мемориската банка“ добро функционира, но од друга страна можеби не прави нас параноични.


Студијата е мала, а резултатите не се официјално рецензирани, така што зборуваме за многу рани сознанија и шпекулации кои мора да бидат поткрепени уште повеќе со многу поголеми експерименти.


О' Конор и неговиот тим продолжуваат со истрагата и се надеваат да откријат што се случува во главите на луѓето кои никогаш не доживеале „дежа ву“, додека околу 60-80 проценти од луѓето наводно го искусиле тоа, и дали е добра или не работа за нашиот мозок.

 

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука