X
 03.03.2024 Живот

Психијатар открива што навистина значи кога забораваме што сонуваме

Експертите велат дека нашите соништа се допир со нашата потсвест. Има луѓе кои воопшто не се сеќаваат што сонувале, па дури и мислат дека немаат соништа.

Психијатарот и психотерапевт Владета Јеротиќ во една пригода објаснил што би можело да биде причината за тоа.


- Луѓето кои ги забораваат своите соништа не сакаат да се запознаат себеси. Всушност, тоа значи дека не сакаат да го запознаат своето негативно ЈАС. Не е добро кога луѓето велат дека не се сеќаваат на соништата, а има и такви што велат дека воопшто не сонуваат. Нема луѓе што не сонуваат, науката го докажала тоа. Човек сонува секоја вечер и не мора да се сеќава на секој сон, а обично се паметат утринските соништа. Не е добро да помине еден месец или два-три, а ниеден свој сон да не сте запаметиле. Тоа би било како избегнување да се препознае некој негативен дел во себе - рекол тој.

Деирдре Барет, професорка по психологија на „Харвард“ и автор на книга за квалитетно спиење и сонување, истакнува дека соништата се јавуваат откако ќе влеземе во РЕМ-фазата од сонот.

- Луѓето што се склони на аналитичен поглед на светот и размислување - почесто се сеќаваат на своите соништа, за разлика од оние што се фокусирани на некаква цел. Ако се разбудите на крајот од РЕМ-фазата, кога телото се подготвува за втората фаза од сонот, најмногу ќе се сеќавате на вашите соништа - вели таа.

Извор: Klix.ba

Фото: Pexels

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот