Ви се случило понекогаш да зборувате сами со себе? Се преслушувате кои се вашите обврски во текот на денот, размислувате на глас, си одговарате на прашања кои сами си ги поставувате. Мислењето на глас ви помага да ги материјализирате работите, да им дадете смисла.
Но, од друга страна се чувствувате чудно, па дури и лудо. Како да разговарате со гласовите во вашата глава. По се изгледа дека зборувањето сами со себе е израз на генијалноста. Така велат научниците – најпаметните луѓе зборуваат сами со себе. Најголемите поети, мислители сите ги имале тие внатрешни монолози. А од нив произлегла и уметноста и делата кои ги создале.
Алберт Ајнштајн зборувал сам со себе. Не бил премногу социјален тип на човек. Според некои извори, Ајнштајн си ги повторувал речениците на самиот себе неколку пати.
Што стои позади ова? Зошто луѓето кои зборуваат самите со себе, се всушност интелигентни? Истражувањата покажале дека на тој начин мозокот работи поефикасно, а научниците тврдат дека од тоа произлегуваат и придобивки.
Спроведувајќи експеримент на 20 луѓе им е кажан еден збор на предмет кој им е побарано да го најдат во супермаркет. Во првиот дел од тестот, учесниците ништо не зборувале. Во вториот дел, почнале да го повторуваат зборот на предметот гласно додека го пребарувале по полиците. Крајниот резултат покажал дека луѓето кои си го повторувале изразот на глас, полесно успеале да го пронајдат. Што доведува до заклучокот дека кажувањето на зборовите на глас ја подобрува меморијата. Дури и полесно успевате да си ги организирате мислите ако зборувате на глас.
Според психолозите пак, зборувањето на глас ви помага да ги потврдите важните и тешки одлуки. Секако дека важи правилото „Зборувај за своите проблеми за да изнајдеш решение“. Па зошто тоа да не го правите самите со себе?