X
 04.09.2020 Живот

И од согласките во јазикот зависи ширењето на коронавирусот

Во многу јазици, како англискиот, при изговарањето на гласовите П, Т и К се исфрлаат мали капки што може да летнат од устата на говорникот во воздухот. Во време на пандемија ова има големо значење. Тоа значи дека веројатноста за ширење на коронавирусот од човек на човек е поголема доколку разговорот се одвива на јазик во кој често се користат овие гласови.


Фото: Freepik  

Експертите се сомневале дека јазиците што имаат повеќе вакви согласки, во македонскиот јазик познати како експлозивни согласки, можеби се причина за поголемиот број заразени со САРС во Јапонија отколку во Англија пред 17 години. Имено, во јапонскиот јазик има помалку вакви согласки отколку во англискиот.

Годинава, истражувачи од универзитетот РУДН во Москва се сомневале дека експлозивните согласки играат улога во ширењето на новиот коронавирус. Тие направиле споредба помеѓу стапките на заразеност во 26 земји и ги споредиле јазиците на кои најчесто се зборува во земјите. Земјите во кои се зборуваат јазици со повеќе експлозивни согласки имале 20% повисоки стапки на заразени лица со коронавирусот.


Фото: Freepik

Сепак, истражувачите посочуваат дека за ширење на коронавирусот се важни и други фактори, како мерките за физичка дистанца. Епидемиолозите можеби ќе ги искористат новите сознанија во борбата со идните болести.

Автор: Ариан Коен
Извор: fastcompany.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот