Секогаш кога неандерталците се појавуваат во поп-културата, постои тенденција да мислиме дека тие звучеле како мајмуни. Меѓутоа, неколку истражувања во насока на нивната анатомија сугерираат дека ваквата идеја е сосема погрешна.
Во документарниот филм од 2005 година - „Неандерталците: Преродба“, група истражувачи што ги проучувале зачуваните неандерталски грла и вокални органи го ангажирале вокалниот тренер Патси Роденбург заедно со Елиот, специјализиран актер на историски случувања, за да ги репродуцира видовите звуци што античките хоминиди би можеле да ги произведуваат.
Резултатите се прилично изненадувачки.
И работата на биологот Роберт Мекарти е прилично обемна на оваа тема, а неговите наоди се во согласност со заклучокот дека неандерталците биле способни за јазик.
Клучната состојка е хиоидната коска, што обезбедува цврсто „сидро“ за јазикот и е присутна во фосилите на
неандерталците. Тоа значи дека нашите далечни роднини биле лингвистички декстрозни како што сме ние.