X
 16.04.2015 Технологија

Луѓето кои го изградиле вашиот компјутер

Бил Гејтс и Стив Џобс не се луѓето кои ги направиле компјутерите кои ги користите денес. Илјадници луѓе работеле на многу делови и елементи кои денес се дел од вашиот компјутер. Ова се дел од нив.


Ерик Мајклмен

Ерик Мајклмен, дел од тимот одговорен за „Ексел“ на „Мајкрософт“ бил инспириран да го подобри користењето на глувчето и го измислил делот за лизгање. Компанијата не била многу возбудена за изумот, па Мајклмен требал да се бори за неговиот изум да биде искористен.

Ед Катмул

Ед Катмул бил директор на „Дизни“ и „Пиксар“. Тој има докторат по компјутерска наука од Универзитетот во Јута. За докторската дисертација, тој измислил означување на текстура, со што фотографиите можеле да бидат означени на делови за да се добие текстура на слики прикажани на компјутер. Денес, овој метод се користи за се' што содржи тродимензионално претставување.


Сузан Кер

Изгледот на оперативниот систем на компјутерите го земаме здраво за готово. Секако дека покажувачот за глувчето е мала стрелка, а на дискот се чуваат документи. Секој од овие детали морал да биде осмислен и дизајниран. Еден од најуспешните дизајнери за ова е Сузан Кер. Таа започнала работејќи во „Епл“ како дизајнер на фонтови и икони. Подоцна работела и за „Некст“, „Мајкрософт“ и Ај-Би-Ем.


Аџеј Бхат

Кога Аџеј Бхат од „Интел“ се решил да ги намали непотребните кабли, повеќето експерти од областа на технологијата се двоумеле во неговата цел. Тој работел шест години на дизајнирањето на УСБуредот. Денес, на пазарот има над 10 милијарди вакви уреди.

Ова се само неколкумина генијалци за кои речиси воопшто не се зборува во јавноста. Колкумина ли ги има низ светот?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија