X
 21.08.2016 Живот

Луѓето се како компирите

Доколку само се обидеме сите би можеле да најдеме подлабоко значење во нешто. Она на што треба секогаш да работиме е да се разбереме едни со други како човечки суштества и да бараме начини да се сакаме. Постојат многу начини да си помогнеме да доживееме љубов, прифаќање и еднаквост.

 

Па така неодамна 12 годишната девојка Нур Кан на “SnapChat“  ги сподели своите мисли, но не очекуваше дека светот ќе го забележи тоа. Нур постави слика додека подготвуваше вечера со нејзината сестра.

  

12 годишно девејче 

  

Сестрата на Нур, Марија ја праша Нур да и помогне да подготви оброк. Кога Нур ги лупела компирите, таа ги фотографирала неизлупените компири и ставила наслов: “Луѓето се како компири“. Бојата на кожата или ознаките не значат ништо“. Потоа таа направила уште една фотографија, овој пат со излупени компири. Вториот наслов гласел: “ Бидејќи сите тие се исти откако ќе им се отстрани лушпата“.

 

Оваа прекрасна порака што Нур ја испраќа е универзална. Ние сите треба да размислување подлабоко и не треба да ни смета бојата на кожата на луѓето за да се сакаме еден со друг. Децата често имаат прекрасни и невини погледи за еднаквоста и грижливоста. Ние сите треба да земеме хартија и пенкало и да ја запишеме едноставната метафора и прекрасните лекции од животот.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот