X
 16.09.2016 Живот

Колку долго може да држите омраза во вашето срце?


Учителка во градинка одлучила да сподели со децата од нејзиниот клас една игра. Таа кажала на секое дете за следниот час со себе да донесе пластична кеса со неколку компири. На секој компир ќе му се даде името на едно лице што детето го мрази.

Така што бројот на компири што секое дете ќе го стави во неговата или нејзината пластична кеса ќе зависи од бројот на луѓето кои тој или таа ги мрази.


омраза


Кога дојде денот, секое дете донесе неколку компири со имињата на луѓето кон кои тој или таа чувствува омраза. Некои имале 2 компири, некои 3, додека некои имале 5 компири. Потоа, наставничката им рекла на децата да ги носат компирите во пластична кеса со нив каде и да одат во период од една недела.

Ден по ден минувал, и децата почнале да се жалат поради непријатниот мирис што настанал од скапаните компири. Покрај тоа, оние кои имале 5 компири, морале да носат потешки кеси. По една недела, децата беа ослободени, бидејќи играта конечно завршила.

Наставничката прашала: "Како се чувствувавте додека ги носевте компирите секаде со вас една недела? Децата ги ослободиле нивните фрустрации и почнале да се жалат за проблемите со кои се соочиле при носењето на тешки и скапани компири секаде каде што оделе.

Потоа наставничката им го објаснила скриеното значење на играта. Наставничката рече: "Ова е токму таа ситуација кога носите омраза за некој внатре во вашето срце. Смрдеата на омраза ќе го контаминира вашето срце и ќе ја носите со вас каде и да одите. Ако не може да го толерирате мирисот на расипани компири за само една недела, дали можете да замислите како би било да носите мирис на омраза во срцето за време на целиот ваш живот? ".


Поука: отстранете ја омразата кон било кој во вашето срце, така што нема да го носите товарот целиот ваш живот. Простувањето на другите е најдобар став кој може да го прифатите. Чувството на негативност спрема некого ќе го држи далеку од вас мирот на вашиот ум. Сетете се на добрите работи за него или неа, и ослободете се од омразата.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот