X
 25.08.2016 Живот

Тест што ќе ви открие дали многу размислувате

За поинтелигентните се мисли дека се и помрзеливи или барем помалку активни од оние кои помалку размислуваат. Првите минуваат многу време во нивниот внатрешен свет, додека останатите се физички активни за да потполнат време.

мисли

Овој тест за потребата за сознанија содржи 18 искази. Ако добиете повеќе поени значи дека размислувате за темите онака како што ви се презентирале, уживате во процесот на размислување и мотивирани сте на своите мисловни способности да им давате предизвици. Тоа значи дека сте способни да процесирате и систематизирате информации и да знаете што е важно, а што не. Способноста ефективно да се процесираат информациите се поврзува и академските достигнувања, а поените на тестот се индикација и за свеста и отвореноста кон нови искуства, за разлика од оние кои немаат потреба од нови сознанија.

Како да ги оцените исказите?

Зависно од тоа колку се согласувате со одреден исказ добивате +4 поени ако тотално се согласувате со исказот, +3 ако се согласувате во поголем дел, +2 ако умерено се согласувате, +1 ако во мал дел се согласувате, 0 поени добивате ако не сте одлучни за исказот, -1 за мало несогласување со исказот, -2 за умерено, -3 за несогласување во поголем дел од исказот и -4 поени ако не се согласувате со исказот во целост.

1. Преферирам комплексни пред едноставни решенија.
2. Сакам да имам одговорност за справување со ситуација што бара многу мислење.
3. Размислувањето не е мој начин на забава.
4. Порадо би правел нешто што бара малку мислење, отколку нешто што со сигурност ќе биде предизвик за моите мисловни способности.
5. Се трудам да избегнувам ситуации во кои се бара мисловно да се задлабочам.
6. Наоѓам задоволство во тешко и долго размислување.
7. Размислувам само онолку колку што морам.
8. Преферирам да размислувам за мали дневни проекти, наместо за долгорочни.
9. Сакам задачи што бараат малку да се размислува откако сум ги научил.
10. Идејата да се потпрам на мислата за да постигнам успех ми се допаѓа.
11. Уживам во задачи што вклучуваат изнаоѓање на решение на некој проблем.
12. Да учам нови начини на мислење не ми е возбудливо.
13. Би сакал животот да ми биде полн со загатки што морам да ги решам.
14. Апстрактното размислување ми се допаѓа.
15. Преферирам интелектуални задачи, тешки и важни, но кои не бараат многу мислење.
16. Чувствувам олеснување, а не задоволство кога завршувам задача што барала ментален напор.
17. Доволно ми е дека нешто ќе ја заврши работата. Не ме интересира како или зошто тоа средство било употребено.
18. Обично размислувам за проблеми дури и кога не ме допираат лично.

Без разлика во кој контекст исказот зборува за процесот на размислување, вие давате позитивни или негативни поени зависно од тоа колку се согласувате според погоре опишаната бодовна листа. Може да добиете најмногу 72 поени, а најмалку -72. Колку поголем или помал ви е крајниот резултат толку повеќе или помалку размислувате.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот