X
 28.06.2016 Живот

Тест од 1 минута кој кажува се` за вас

Тркалото на животот е најкраткиот тест за карактер кој го користат многу психолози, а истиот претставува генијална алатка за брзо визуелно претставување на животот во 8 најважни аспекти.




Тестот трае околу 1 минута, но визуелно ќе ви покаже колку лесно оди вашето тркало на животот, односно колку сте избалансирани, кои ви се силните страни и на што треба најмногу да работите во животот.

Животот на секој човек се состои од 8 сегменти: љубов, кариера, личен развој, здравје, односи, хоби, забава и релаксација, животен стил и пари.

Како да го направите тестот?

Земете лист хартија и нацртајте (или испечатете) ја сликата долу:



Оценете го своето задоволство во секој од овие сегменти од животот за изминатиот период од животот на скала од 1 до 10. Потоа споете ги точките (оцени) со линија и погледнете каков облик сте добиле. Така, визуелно ќе го добиете сопственото тркало на животот, а заедно со него и разбирање на што треба да обрнете повеќе внимание.

Психолозите велат дека со редовна анализа на ова тркало може да се направи брз напредок и дека кругот наскоро ќе стане поправилен. Правете ја вежбата секој месец за визуелно да го следите својот напредок.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот