X
 21.01.2021 Живот

Мартин Лутер Кинг: Ништо во светот не е поопасно од искреното незнаење и свесната глупавост

Во ова време на хаос, страв и сомнеж, зборовите на д-р Мартин Лутер Кинг Јуниор носат смиреност, јасност и единство.

Во продолжение можете да најдете некои од најважните негови цитати.

- Крајната мерка за човекот не е местото каде што тој се наоѓа во моментот на удобност, туку местото каде што се наоѓа во време на предизвици и контроверзии.

- На крајот нема да се сеќаваме на зборовите на нашите непријатели, туку на тишината на нашите пријатели.

- Ако не можете да летате, трчајте. Ако не можете да трчате, одете. Ако не можете да одите, ползете, но по било која цена, продолжете да се движите.

- Темнината не може да ја избрка темнината; само светлината може да го направи тоа. Омразата не може да ја избрка омразата; само љубовта може да го направи тоа.

- Имам сон дека моите четири мали деца еден ден ќе живеат во нација каде нема да бидат осудени поради бојата на нивната кожа, туку поради нивниот карактер.

- Човек не почнал да живее сè додека не може да се издигне над тесните граници на неговите индивидуалистички грижи кон пошироките грижи на целото човештво.

- Неправдата на кое било место е закана за правдата секаде.

king
Фото: Wikipedia

- Ненасилството е моќно и праведно оружје. Навистина, тоа е оружје единствено во историјата кое сече без ранување и го облагодорува човекот што го поседува.

- Функцијата на образованието е да научи човек да живее интензивно и да размислува критички. Интелигенција плус карактер - тоа е целта на вистинското образование.

- Мора да прифатиме конечно разочарување, но никогаш да не губиме бесконечна надеж.

- Ништо во светот не е поопасно од искреното незнаење и свесната глупавост.

- Никогаш не подлегнувајте на искушението да станете огорчена личност.

- Простувањето не е повремено дело, туку постојан став.

- Крајната трагедија не беше бруталноста на лошите луѓе, туку тишината на добрите луѓе.

- Доаѓа време кога мора да се заземе позиција која не е ниту безбедна, ниту политичка, ниту популарна, но мора да се заземе затоа што е исправна.

Извор: Bored Panda
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот