X
 04.10.2017 Живот

Објавени победниците од наградниот конкурс за аматерска фотографија на Алпско млеко

Неодамна заврши конкурсот за аматерска фотографија на Алпско млеко, кој имаше за цел да ги поттикне потрошувачите да ја споделат својата утринска или дневна приказна и преку фотографија да раскажат како најмногу сакаат да ги консумираат производите на Алпско млеко.



Испратените фотографии говореа за миг на уживање со млеко, јогурт или кој било друг производ од Алпско млеко кој лојалните потрошувачи го консумираат за појадок, меѓуоброк или вечера.

Фотографиите на кои учесниците прикажуваа блиски и интересни мигови во хармонија со природата, беа одбрани според оригиналноста на идејата, автентичноста, поврзаноста со темата, како и креативноста.
Така, пакет производи Алпско млеко ќе добијат; Надица Апостоловска, Шпреса Рамадани, Весна Ѓурковска Каевска, Џемал Ибровиќ, Светлана Томеска и Тереза Симиќ.

„Им честитаме на среќните добитници и посакуваме да уживаат во нашите производи со своите најмили. Тимот на Алпско млеко секогаш се труди да креира активности и проекти што ќе ги едуцираат, забавуваат и наградуваат и во таа смисла се радуваме на секој нов проект, на контактите со потрошувачите и на нивните корисни и конструктивни коментари и мислења“ - изјави претставник од Алпско млеко.

Со иницирање на овој конкурс за аматерска фотографија, Алпско млеко сакаше да биде двигател во напорот за обезбедување на подобро разбирање на нутритивните потреби и справувањето со предизвиците на модерното живеење, да инспирира поголема интеракција на поединците со природата и да поттикне позитивни практики за исхрана на целото семејство.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот