X
 01.09.2016 Живот

Како изгледа најтешката експедиција на светот

“Не постои разлика помеѓу небото, хоризонтот и бескрајните замрзнати површини... како да се наоѓаш во пинг-понг топка”, вели Ларсен за неговото искуство на Северниот пол.


Американецот  Ерик Ларсен  е  истражувач-авантурист, водач на експедиции и едукатор, кој ги поминал последните 15 години патувајќи низ најдалечните, најдивите и најизолираните територии на планетата Земја.

За првпат го освоил Северниот пол  во 2006 година,  по 62 дена поминати на снег и мраз.

Тој е единствениот истражувач  кој во сезоната 2009/2010, во период од 365 дена успеал  да ги реализира  експедициите на трите светски екстреми – Северниот и Јужниот пол, и Монт Еверест.

Во  декември 2012 година, Ларсен успева да стане првиот човек кој со велосипед стигнал на Јужниот пол.

Во март 2014 година, заедно со Рајан Вотерс, успеваат преку Арктичкиот океан да стигнат до географскиот Северен пол.

Иако лошите временски услови и екстремно ниските температури влијаеле негативно  врз неговото тело, неговата фасцинација од замрзнатите површини е непроменлива. “Таму не се гледа апсолутно ништо, во која било доба од денот. Не постои разлика помеѓу небото, хоризонтот и замрзнатите површини“.

Погледнете како изгледа Северниот пол на видеото.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот