X
 21.11.2016 Наука

10 екстремни експерименти на луди научници

Науката го подобри светот на начини кои многумина не можеле ниту да ги замислат.


Храбрите експерименти на мудрите луѓе обично човештвото го воделе напред во нов свет на разбирање на појавите кои се дел од нашиот живот. Но, постојат и други експерименти, со кои научниците на лицата кои ги вклучуваат навистина им наштетуваат, и тоа од чиста љубопитност. Ова се дел од „пеколните“ експерименти :

1.    Радиоактивни пченични снегулки за деца


Радиоактивен материјал бил вметнат во храната која ја добивале хендикепирани сирачиња. Ова се случувало во 40-те на минатиот век кога компанијата Quaker Oats финансирала проект на познатиот научен институт МИТ.  Од компанијата  Cream of Wheat, кои биле нивна конкуренција ги преплавиле медиумите со реклами во кои се тврдело дека хранливите материи во нивните производи патувааат низ целото тело. Од Quaker Oats сакале да го кажат истото, но не сакале во своите реклами да тврдат нешто што и тие самите не го провериле, бидејќи никогаш не би направиле нешто неетичко. Наместо тоа, собрале стотина сирачиња, поголемиот дел од нив ментално хендикепирани и ги хранеле со каша во која имало траги од радиоактивно железо. Кога радијацијата минувала низ телата на децата, од Quaker Oats набљудувале како железото патува низ ментално хендикепирано сираче. Експериментот загрзоил животи и ги чинел МИТ 1.85 милиони долари казна заради судски тужби.

2.    Д-р Санјив Талвар направил стаорци на далечинско управување

Развојот  на стаорците на далечинско управување било финансирано од Министерството за одбрана.
Од државниот Универзитет во Њу Јорк напорно работеле на создавање на вакви стаорци. Се работи за животни кои можат да се управуваат со далечинско кое е поврзано со нивниот мозок. Научниците можеле да го користат далечинскиот управувач за да ги натерааат стаорците да трчаат, да се вртат и да се качуваат. Креаторот на овој изум д-р Санјив Талвар сметал дека стаорците би можеле да се користат за спасување на жртви од земјотреси, иако не постојат податоци дека неговите стаорци некому всушност и помогнале. Сепак постојат големи шанси овој уред за контрола на мозокот и да се корист, токму порад тоа што проектот бил финансиран од Министерството за одбрана.

3.    Неколку деца биле одгледани во изолација за да се види што ќе се случи

Научниците од минатото била многу заинтересирани за откривање на природниот јазик на луѓето. Биле уверени дека ако детет биде оставено само, без никакво изложување на други гласови, тоа ќе науи да зборува природна, а тој јазик би требало да е идентичен со првиот човечки јазик. Многумина се обиделе да го откријат тој јазик : пред 2.700 години кога египетски фараон наредил две бебиња да се тргнат во изолациј. По експериментот, децата мрмореле нешто што звучело како „бекос“, што е фригијски збор за „леб“. Англискиот крал Џејмс  IV и наредил на една нема жена да го одгледува бебето на изолиран остров, па објавил дека тоа бебе на крајот говорело совршено хебрејски. Повеќето од историчарите сметаат дека оние кои ги спроведувале експериментите лажеле за резултатите.  Фридрик II, царот на Светото римско царство дури не дозволувал бебињата и да се допрат. Само биле хранети и никогаш не им се зборувало ништо, па затоа умирале од запоставеност. 

4.     Пфизер убивал до 50 деца со експериментални лекови


Во 1996-та година Пфизер го тестирал експерименталниот антибиотик Трован, кој веќе бил познат како предизвикувач на престанокот на функцијата на црниот дроб, на 200 нигериски деца во текот на епидемија на менингитис. Бидејќи во САД и Еу давањето на лекот било илегално, тој се упатил во Нигерија. Тамошната влада негира дека му дала дозвола на Пфизер да го реализира експериментот во земјата, но фармацевски гигант го тврди спортивното. Нигериските власти сега тврдат дека лекот убил до 50 деца или пак предизвикал ментални и физички деформации кај повеќемината. Пфизер тврди дека децата умирале заради менингитисот, не сносил одговорност  и направил спогодба надвор од судотво вредност од 75 милиони долари.

5.    Ученикот на Иван Павлов го повторил неговиот експеримент на деца

Сигурно сте чуле за Иван Павлов кој наведувал кучиња да лачат плунка секојпат кога ќе им заѕвони со ѕвонче. Еден од неговите ученици, Николај Красногорски, одлучил да го проѓири експериментот и на деца. Тој успеал да „истренира“ бебе да создава плунка на звук од ѕвоно, иако отркил дека луѓето имаат многу повеќе самоконтрола отколку кучињата. Ги повторил и експериментите кои ги наведувале кучињата да бидат насилни и бесни. Красногорски направил звукот кој сигнализира храна да биде што потежок за идентификување. Уште Павлов докажал дека кучињата посебно се лутат кога слушаат непознати звуци, а Красногорски докажал дека тоа е исто така добар начин за нервирање на мали деца. Толку биле фрустрирани што започнале насилно да реагираат. Поголемиор дел од децата не биле во состојба за да учествуваат во студијата. По завршувањето на експериментот со децата, красногорски гордо напишал дека успешно на децата им дал „експериментално предизвикана невроза“.

6.    Доктор му пренел гонореја на 4-годишно дете само за да докаже дека може

Во 19-ти век дошло до голема расправа за тоа дали може гонорејата да се шири како бактерија. Научникот Хенри Хејман бил уверен дека експериментите на стаорците нема ништо да докажат за луѓето, па наместо тоа како учесници зел ментално хендикепирани деца.
Хејман пронашол менатлно хендикепирани момчина на возраст од 4 и 16 години и им вбризгал гонореја. Потоа на 26-годишник кој умирал му вбризгал гонореја многу повеќе. За жал, тој не знаел како да ја излечи гонорејата.

7.    Научник се обидувал да види како примат оплодува жена


Целиот свој живот, биологот Илија Иванов сакал да постигне примат да оплоди жена. Кога го објавил својот план да оплоди жена користејќи сперма на мајмун, советските власти биле доволно заинтересирани за да му понудат пари, додека од францускиот институт „Пастор“ му понудиле од својата залиха на шимпанза. Тој отишол во Париз за да го спроведе експериментот, но наишол на препрека – Французинките не биле заинтересирани да забременат од шимпанза, па ниту една не се пријавила. Иванов предложил да се преправа дека е гинеколог па потајно да ги оплодува жените со сперма од шимпанза, но Французите тоа не му го дозволиле. Така собрал неколку орангутани и се вратил во Советскиот Сојуз, каде што комунистичките власти не правеле голема врева околу човековите права. Таму успеал да најде и пет жени доброволци. Последниот орангутан починал пред експериментот да биде реализиран. Па и самиот Иванов починал веднаш потоа.

8.    Жан Антоан Нолет -  струен удар за монаси

Во 18-от век Жан Антоан Нолет бил фасциниран од експериментите со електрицитет на Бенџамин Френклин, па сакал да дознае колку брзо се движи електрицитетот. Во ред долг од еден километар наредил монаси и им рекол да се држат за раце. Оние ки биле на двата краја им дал да се држат електричен кабел. Неговата цел била да измери колкава е брзината на струјата која поминува низ луѓето. Кога целиот ред монаси истовремено почнал да скока и да испушта извици од болка, тој го добил својот одговор. Гордо, напишал дека струјата низ телата на луѓето поминува „многу брзо“.

9.    Кралот Густав III натерал криминалец да пие по три лонци кафе секој ден

Кога кафето за прв пат пристигнало во Шведска се сметало дека е опасен отров кој го скратува животот. Во 18-от век законите и даноците биле поставени така што би ја намалиле потрошувачката на кафе и чај. На крајот кафето било потполно забрането.
Кралот бил уверен дека кафето е „убиец“, па смислил експеримент – помилувал двајца осуденици кои го чекале извршувањето на смртна казна. Тие морале доживотно да останат во затвор, едниот секој ден би пиел по три лонци кафе, а другиот три лонци чај. Сакал да докаже дека траењето на животот ќе им се намали нагло, но всушност го докажал спротивното – прво починал оној кој пиел чај и тоа на 83 години. Не се знае колку долго живеел оној кој пиел кафе, освен дека го надживеал другиот затвореник, па и самиот крал.

10.    Канадските власти им ги укинале на домородците хранливите материите

Почнувајќи од  1942 година, канадската влада спроведувала опасни експерименти на домородците во резерватите. Заедница во Манитоба била речиси изгладнета до смрт. Научниците сакале да тестираат колку се важни витамините и другите хранливи материи, па започнале експерименти на домородците ширум земјата. Па така сакале да видат како една заедница би издржала со 1500 калории дневно, но без никакви витамини.
Во друг експеримент, Канаѓаните не им давале ниту капка млеко на 1000 изгладнети деца  цели две години, а потоа почнувале да им даваат млеко за да видат како тоа ќе влијае на нивното здравје. Иако научниците сметале дека прават навистина важен ескперимент, нивните резултати со децении никој не ги прочитал. Кога резултатите конечно биле отркиени, многумина била со право вознемирени, а научната заедница ги отфрила како „не претерано корисни“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука