X
 06.09.2016 Култура

Што откриваат филмските локации на новата сезона на "Game of thrones"?

Седмата сезона на „Game of thrones“ само што започна со својата продукција. Најновите вести доаѓаат од Северна Ирска, каде се случува поголемиот дел од снимањето на серијата.

 

денерис


Досега знаевме само за Шпанија и Исланд како други можни локации за снимање на серијата, а сега доаѓаат вести за потврдување на шпанската локација - плажата Муриола во Барика.

Градоначалникот на градот Роберт Муњоз вели дека и него не му било соопштено зошто снимањето ќе се случи на оваа плажа, додека луѓето се и повеќе од среќни. Фановите веќе започнаа со шпекулациите за тоа како локацијата ќе биде вклучена и дали таа ќе биде местото каде Денерис ќе пристигне со нејзината огромна флота.

Ако плажата Муриола послужи како Квинс Лендинг, прашањето е: Каде поточно се наоѓа во Вестерос? Дорн се чини најразумниот одговор, иако голем дел од луѓето шпекулираат дека Денерис се враќа во нејзиниот дом, Драгонстоун.
Седмата сезона ќе биде различна од претходните поради неколку причини; најпрво поради тоа што сезоната ќе има само 7 епизоди, наместо 10, како и подоцнежна премиера. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура