X
 10.09.2016 Култура

Фотографијата која Фејсбук ја забрани

Марк Цукерберг е обвинет за злоупотреба на власта, откако Фејсбук ја избриша култната фотографија „напалм девојчето“ Ким  Фук направена за време на Виетнамската војна, бидејќи не била во согласност со политиката за голотија на социјалната мрежа.

 

mark


Пред неколку недели, норвешкиот писател Том Егеланд ја споделил оваа фотографија заедно со уште неколку воени на неговиот Фејсбук профил. Но, за брзо време фотографијата била отстранета и привремено му бил забранет пристапот на Фејсбук.

Кога најголемиот весник во Норвешка „Aftenposten“ известил за случката и на својот Фејсбук профил ја споделил фотографијата, добил меил од Фејсбук со барање да се отстрани фотографијата или да се покрие голото тело. „Било кои фотографии на кои се прикажани голи гениталии, задник или голи гради ќе биде отстранета“, пишувало во пораката од Фејсбук. Пред весникот да успее да одговори на пораката, нивниот пост бил отстранет.

Фотографијата била направена во 1972 година, а прикажува преплашени деца, а заедно со нив е 9 годишната Ким Фуц која трча гола во болка и страв. Нејзината облека била изгорена, а изгорениците, кои не се видливи на фотографијата, покриваат повеќе од една третина од нејзиното тело. Фотографот Ник Ут освоил Пулицерова награда за оваа фотографија во 1973 година.

 

mark


Главниот и одговорен уредник на весникот, Егил Хансен напишал и објавил отворено писмо на насловната страна на овој весник директно упатено кон Цукерберг. Во писмото тој ја објаснува неговата загриженост што неговите уредувачки овластувања се ограничени од Фејсбук и тоа што оваа социјална мрежа не пронашла разлика помеѓу фотографиите на злоупотреба на деца и важна воена фотографија.

„Јас сум вознемирен, разочаран и чувствувам страв околу тоа што правите со нашето демократско општество. Иако сум уредник во најголемиот норвешки весник, вие ја ограничувате мојата уредничка одговорност. Тоа е она што вие и вашите подредени го прават. Мислам дека ја злоупотребувате вашата моќ“, пишува тој во статијата. Тој додава дека работата на новинарите е да известуваат и да споделуваат непријатни фотографии кои прикажуваат ужасите на војната. Неговото писмо го завршува со загриженост дека најважните светски медиуми ја ограничуваат слободата наместо да ја шират.

„Иако сме свесни дека оваа фотографија е култна, тешко е да се направи разлика помеѓу ваков случај и објавувањето на фотографии од голи деца. Се обидуваме да пронајдеме рамнотежа. Нашето решение нема секогаш да биде совршено“, вели портпаролот на Фејсбук
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура