X
 29.05.2017 Култура

Најубавите места во Иран

Иран е дом на една од најстарите цивилизации на Земјата, каде тиркизните џамии, блескавите палати и гробовите на одамна заминатите поети ги откриваат тајните и интригите на древните луѓе. Сепак, под стапките на човекот лежи помалку познат, подив Иран, полн со извонреден геолошки формации, древни шуми и обраснати споменици кои природата ги прогласи за свои.

Бадаб-е Сурт

7
Фото: Getty Images


Во северната провинција Мазандаран, впечатлива панорама со тераса со 'рѓосана боја има поглед кон планините. Скалестите, варовнички формации биле создадени пред илјадници години со течењето и ладењето на водата од двата минерални топли извори. Додека травертин тераси можат да се пронајдат на други места, различните бои на Бадаб-е Сурт се како резултат на висока концентрација на седименти од железо оксид. Не само што нуди прекрасен поглед, туку и има лековити својства поради неговата висока соленост и минерали.

Планината Дамаванд

6
Фото: DIETMAR DENGER

65 километри североисточно од Техеран, планината Дамаванд се издигнува 5.671 метри во облаците, со што претставува највисокиот врв на Блискиот Исток. Лоциран во планинскиот венец Алборз, заспаниот вулкан стар 1.8 милиони години буквално е како легенда, овековечен во античкиот персиски фолклор и поезија.

Дашт-Е Лут

5
Фото: Alamy Stock

Во југоисточен Иран, песокта која се менува во пустината Лут е вистинско уметничко дело. Помеѓу јуни и октомври, суптропските бури го менуваат пејзажот, создавајќи интересни форми предизвикани од ветрот. Истиот феномен е забележан на другите планети како Марс. Во 2016 година Дашт-е Лут е прогласен за светско наследство од УНЕСКО, опишан како „исклучителен пример на тековните геолошки процеси“. Според НАСА, ова место е едно од најжешките на Земјата. Во 2005 година, достигна рекордна температура од 70.7°C.

Езерото Урмиа

ezero
Фото: Alamy Stock

Вгнезден во иранската територија помеѓу источен и западен Азербејџан, езерото Урмиа некогаш било најголемото солено езеро на Блискиот Исток. Во изминативе 45 години, езерото се намали со алармантна брзина поради намалените врнежи, земјоделието и неодговорните еколошки практики, па сега има помалку од 10% од неговиот првичен волумен.

Туркмен Сахра

4
Фото: Getty Images

На границата помеѓу Туркменистан и Каспиското Море, после бесконечните зелени ридови се наоѓа Туркмен Сахра, регион во провинцијата Голестан населен од иранските Туркмени. Значајна знаменитост се гробиштата Калид Наби, познати по стотиците мистериозни надгробни плочи во вид на гениталии и Гонбад-е Кабус, кула од 11 век и Светско наследство на УНЕСКО. Структурата се смета за сведоштво на крос-културна размена и одличен пример за почеток исламскиот иновативен културен дизајн врз основа на геометриските формули.

Кешм

2
Фото: Alamy Stock

Во близина на јужниот брег на Иран во Ормутскиот теснец, селата Бандари, монументалните тврдини и античките храмови се наоѓа Кешм. Значењето на овој остров - најголемиот во Персискиот Залив, датира од пред-исламска ера, кога бил стратешки трговски и поморски центар. Денес тој е првиот УНЕСКО гео-парк.

Водопадите Маргун

маргун
Фото: Getty Images


Шираз засекогаш ќе биде место за одмор на најсаканиот поет во Иран, Хафез. Во превод, „како-змија“ на персиски, овие водотеци се нешто навистина прекрасно. Исто така, регионот е дом на повеќе растителни заедници и див свет, вклучувајќи и орли, мечки, хиени и свињи. Научниците предупредуваат дека нерегулиран туризмот може да доведе до ерозија на овие екосистеми, и повикуваат на зголемена заштита.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура