Кога Мајк Карас одлучи да направи фотографија со совршеното зајдисонце, a во позадина стоел штотуку венчаниот брачен пар, не ни знаеше дека неговото дело ќе стане апсолутен хит на интернет. Првиот интересен факт е дека во моментот на создавање на фотографијата користел голем објектив бидејќи младенците биле оддалечени 100 метра.
Друга интересна карактеристика е дека тој воопшто не го познавал брачниот пар, тој нив ги доловил сосема случајно додека планинарел со неколку пријатели.
Сето ова се одвивало во американскиот национален парк Јосемити. Карас низ фотографијата ги креирал не само младиот брачен пар, туку и цела околина, додека сонцето во целост не се скри позади хоризонтот.