Фотографијата на која се гледа топла прегратка меѓу горила и човекот што му го спасил животот е прогласена за
фотографија на годината. Фотографката Џо-Ен Мекартур ја снимила оваа фотографија во Камерун при преместувањето на горилата Пинкин од заточеништво во прифатилиште за животни.
Пинкин бил заробен од ловци за да го продадат или да го заколат, но, за среќа, во последен момент се вмешала хуманитарната група
Ape Action Africa.
Ловот на примати е голем проблем во Камерун, каде што ловците ги колат животните и го продаваат месото во земјата или во странство. Бебињата-горили остануваат сирачиња откако ќе ги убијат нивните мајки или ќе ги продадат како куќни миленици.
Пинкин сега доби нов дом во рамките на безбедното шумско прифатилиште. Фотографијата настанала кога Пинкин се разбудил во текот на трансферот, и тоа во рацете на својот старател Аполинар Ндуду, со кој развил одличен однос.
Како и Пиникин, и Аполинар бил присилен да го напушти својот дом во Чад и да побегне од граѓанската војна. Кога го обновил својот живот во Камерун, одлучил да се посвети на заштита на животните.
Џо-Ен успеала да го фати моментот од заедничкото патување, а оваа фотографија е прогласена за најдобра фотографија на годината по избор на публиката во Природонаучниот музеј.