Фотографот Џастин Андерсон успеал да направи фотографија од три небесни феномени.
За време на целосното затемнување на Месечината, тој успеал да ги фати крвавата Месечина, Млечниот Пат и поларната светлина на една фотографија.
Една недела пред затемнувањето на Месечината, Андерсон вели дека разговарал со членови од неговата заедница за неговата желба да ја фотографира поларната светлина. Како што вели, навистина сакал да ги фати поларната светлина и затемнувањето на Месечината во една фотографија, но помислил дека е речиси невозможно.
- Кога планирав каде да фотографирам, односно која ќе биде локацијата, не мислев да биде место подалеку од мојот дом. Планирав да направам фотографии од крвавата Месечина. Не размислував за поларната светлина бидејќи шансите беа навистина мали - вели тој.
- Додека го гледав затемнувањето, погледнав кон север, каде што сонцето сè уште заоѓаше, и можев да видам слабо танцување на хоризонтот. Веднаш знаев дека поларната светлина е на хоризонтот - раскажува тој.
\
- Во февруари 2022 година дознав дека сум делумно далтонист. Моите очи повеќе гледаат црвено отколку зелено, така што зелената е посива за мене. Да, можам да видам зелено, но не толку чисто. Така, кога ја гледам поларната светлина, можам да ги видам виолетовите, црвените, розовите и сините бои, но зелената отсекогаш за мене била сива - вели тој.
Извор:
Petapixel.com
Фото: Justin Anderson/
Instagram