Бројот на алергични луѓе во развиените земји секојдневно расте, а научниците се обидуваат да ја откријат причината, но засега без јасен одговор. Дали човечкиот имунитет постепено ослабува и стануваме хиперсензитивни на нутритиентите во храната или, пак, самата храна е до тој степен изменета што човекот веќе не може да ја препознае?
- Што е клучот зад алергискиот механизам сè уште е непознато, иако најраспространета е теоријата за прекумерна хигиена. Имено, дете пораснато во средина без нечистотија и микроорганизми, и дополнително третирано со антибиотици кои ја уништуваат цревната флора, не е способно да изгради имунитет отпорен на болести - вели нутриционистот Цветанка Петрова.