X
 21.09.2016 Култура

Далај Лама за насилствата, војните и условувањата луѓето

Четиринаесеттиот Дајал Лама од Тибет секогаш привлекува многу внимание и тоа со добра причина. За овогодинешните напади во Париз тој изјавил дека она што се случува во светот е дело а човекот и тој треба да го реши. Бог нема никаква врска со тоа.

далај лама


На неговата веб страна тој пишува за немирите и војните, како и за тероризмот, но и за масовното миење на мозоци што се случува во нашето општество:

„Војната и големите воени установи се најголемиот извор на насилство во светот. Без разлика дали нивната цел е напад или одбрана, овие огромни моќни организации постојат единствено за да убиваат човечки суштетсва. Треба внимателно да размислиме за реалноста на војната. Повеќето од нас биле условени да сметаат дека воените походи се возбудливи и гламурозни – можност за мажите да ги покажат нивните способности и храброст. Бидејќи армиите се легални, чувствуваме дека војната е прифатлива; генерално, никој не чувствува дека таа е криминал или дека самото нејзино прифаќање е криминал. Нам ни се измиени мозоците. Војната не е гламурозна ниту атрктивна. Таа е монструозна. Нејзината природа се заснова на трагедија и страдање.

Модерната војна се води во различни форми на огнот, но ние сме толку условени тоа да го гледаме како нешто возбудливо, што зборуваме за некое извонредно оружје како за важно парче технологија, а без да помислиме дека ако се искористи ќе убие живи луѓе. Војната потсетува на оган што се шири. Ако една област стане слаба, командантот праќа засилување. Ова значи дека живи луѓе се фрлаат во оган. Но, бидејќи општеството е стратешки наведено да размислува вака, не се зема предвид страдањето на војниците. Ниту еден војник не сака да биде ранет или да умре. Ниту еден од неговите блиски не сака да му се наштети. Ако еден војник е убиен или осакатен за цел живот, барем 5 до 10 од неговите блиски луѓе страдаат исто така. Сите би требало да бидеме ужаснати од степенот на раширеност на оваа трагедија, но ние сме премногу збунети.

Потребно е да се почувствуваме заситени од насилствата и убиствата што се случуваат околу нас. Ако еден човек е убиен од животно, тоа е тажно, но ако човек е убиен од друг човек, тоа е незамисливо. Мора да направиме особен напор да размислуваме еден за друг како човечки суштества што соработуваат, како браќа и сестри.“
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура