Моќните фотографии од тешко повредените ветерани, создадени од Дејвид Џеј, кои биле повредени во војните во Ирак и Авганистан, ја доловуваат болката и хуманоста на овие храбри војници.
Интимните портрети од неговиот фото-проект наречен „Непознатиот војник“, ги претставуваат војниците кои не бегаат и го покажуваат целосниот обем на раните на ветераните. Крајниот резултат е тажен потсетник на вистинската цена која ја плаќа човекот за време на војната.
ГАЛЕРИЈА