За континенти и улици ги имаме Гугл мапите, а за човековиот мозок имаме дигитален атлас и тоа надоградена верзија.
Ед Лајн со колегите од Allen Institute for Brain Science во Сиетл создале сеопфатен дигитален атлас на човековиот мозок, со отворен пристап. Во атласот е прикажана структурата на мозокот до клеточно ниво со резолуција од 1 микрон по пиксел.
Атласот е креиран по интензивно проучување на нормален мозок на 34-годишен донор (жена). Научниците прво направиле скенирање на мозокот, а потоа направиле и сецирање. Тоа што биле фокусирани на само еден мозок, според истражувачите, им дозволило да одат во многу повеќе детали со нивната работа.
Лајн смета дека
атласот може да биде битна алатка посебно за невролозите кои ќе може да го користат како заедничка појдовна точка за истражувањата на мозокот.
Човековиот мозок е најсложена структура и еден од најголемите предизвици на модерната биологија е да се разбере неговата внатрешна организација.