X
 16.03.2015 Наука

Што му се случува на вашиот мозок кога ќе за заљубите?

Кога се вљубување, се` се менува: денот се чини посветол, вашата насмевка е поширока и се` изгледа свежо, ново и прекрасно.

Но, најмногу се менува вашиот мозок. Научниците од Југозападниот Универзитет во Чонгкинг, Кина ги пронајдоа првите забележливи податоци кои го поврзуваат заљубувањето со неколку хемиски промени што се случуваат во мозокот.

Истражувачите тестирале 100 студенти - третина од нив биле во романтична врска, третина неодамна поминале низ раскинување, а третина никогаш не биле заљубени.

Тие откриле дека чувство на „емоционален ролеркостер“ што се случува од зборувањето до гледање еден во друг, значително ја менува циркулацијата на протокот на крв во мозокот.

Кога сме вљубени, 12 области во мозокот се поактивни и повклучени во протокот на крв. Дали ова значи дека се надминуваме себеси кога сме заљубени? Доколку е вистина дека мозокот работи похармонично кога сме заљубени, тогаш романтичната врска може да има неверојатно важна улога во невропсихолошките истражувања.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука