Раеџали Бантут е 32 годишен невработен маж што моментално се наоѓа зад решетки. Причината за тоа се 18 дена поминати во
аеродромски јавни соби.
Тој првично сакал да лета од Сингапур до Куала Лумпур, Малезија, но на 21 август го пропуштил летот во една јавна соба на шангајскиот аеродром затоа што се успал.
Раеџали успеал следните 18 дена да ги мине во јавните соби на аеродромот со фалсификување на карти за влез во авион, со што изгледало како да трошел пари, а со цел да добие пристап во нив. Имено, тој успеал да ги убеди вработените на аеродромот дека има право да влезе внатре по менување на картите за Катаи Пацифик и Сингапур еарлајнс.
На 7 септември, откако бил виден по четврти пат во една од аеродромските соби во период од 10 дена, вработените повикале полиција. Тој бил уапсен и обвинет за факсификување по три точки од обвинението и за следните 2 недели си обезбедил престој во една поинаква јавна соба – сингапурскиот затвор.