X
 14.05.2017 Економија

Најевтините земји за живот - кое место ѝ припадна на Македонија?

Американскиот магазин „Time“ објави листа на најевтини земји за живот. На оваа листа Македонија се најде на 10 место.

земји

Како што е објаснето, парамтертите за составување на листата ги рангира земјите врз основа на четири достапни мерки објавени од „Numbeo“, онлајн база на податоци за цените: индексот на куповната моќ, цената на закупот на недвижнини, цената на продуктите и индексот на потрошувачката цена. Споредувањата во резултатите се направени со стандардот на живот и цените во Њујорк.

На оваа листа Македонија се најде на 10 место. Локалната куповна моќ е за 49.7% пониска, киријата е 94% поевтина, продуктите се за 73.3% поевтини, а локалните добра и услуги се 68.6% поветини.

Што се однесува до регионот, Босна и Херцеговина се на 11 место, Србија на 18 место, Словенија на 36 место, Црна Гора на 26 место и Хрватска на 47 место. Интересно е тоа што Словенија има повисока куповна моќ од сите 50 земји на листата, а во однос на Њујорк е пониска за 13%.

Првите 10 земји на листата на најевтините земји за живот се Јужна Африка, Индија, Косово, Саудиска Арабија, Казахстан, Замбија, Оман, Парагвај, Чешка и Македонија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија