Справување со ризици и опасности е важно за детското образование и би требало да стане дел од образовните програми, вели Џудит Хекит, претседател на Советот за здравје и безбедност во Велика Британија.
Децата трпат заради претераното „замолчување“ во училиштата заради политиките на избегнување на ризици, па раснат неподготвена за предизвиците од реалниот свет. Наместо бесмисленото претерување со штитењето на децата, училиштата би требало да ги охрабруваат да се качуваат на дрвја и да играат игри во кои неизбежно постои опасност од повредување.
Експертите сметаат дека премногу заштитнички настроените родители и наставници нема да ги научат децата да се справуваат со опасностите и на тој начин ќе се создадат генерации кои нема да имаат способност да се снајдат во реалниот свет, не знаејќи на кого можат да веруваат.
Во последните години, во Велика Британија завладеале контроверзни безбедносни мерки во училиштата, па на учениците им е забрането да играат игри со трчање. Пред еден месец, повеќе од 70 лекари и академици испратиле отворено писмо до владата барајќи национална забрана за рагби во училиштата, заради ризик од повреда.
Од Советот за здравје и безбедност дури морале и да интервенираат во некои случаи, кога училиштата претерале со безбедносните правила. Претседателот на Советот истакнува дека децата мораат да научат да се грижат за себе и да ја преземат одговорноста за
ризиците.