X
 23.09.2016 Култура

Македонските моторџии дел од светот

Илјадници моторџии од цел свет в недела ќе облечат костуми со вратоврски, ќе си ги исчешлаат мустаќите ќе стават очила за сонце и ќе се качат на своите мотори за да ја зголемат свеста за здравјето на мажите. Досега, три дена пред трката, пријавени се 45.379 моторџии, а собарни се вкупно 2.417.643 долари. Зацртаната сума е 5 милиони долари



Околу 70 мотоциклисти од Македонија првпат годинава ќе учествуваат на возењето на Distinguished Gentleman’s Ride кое ќе се одржи во недела, а целта е да се зголемат свеста за здравјето на мажите и да се соберат пари за истражувањата за пронаоѓање на лек за за рак на простатата и спречување на самоубиствата. Досега, македонските моторџии имаат собрано 1.088 американски долари.

Илјадници моторџии од цел свет в недела ќе облечат костуми со вратоврски, ќе си ги исчешлаат мустаќите ќе стават очила за сонце и ќе се качат на своите мотори за да ја зголемат свеста за здравјето на мажите. Досега, три дена пред трката, пријавени се 45.379 моторџии, а собарни се вкупно 2.417.643 долари. Зацртаната сума е 5 милиони долари.

Мото клубот на Distinguished Gentleman’s (Почитувани господа) е основан во Сиднеј. Извесен Марк Хава бил импресиониран од фотографија на Дон Дрејпер, од серијата „Мад Ман“ на која тој вози класичен мотоцикл, облечен во неговиот најдобар костум.

На веб странициата на Distinguished Gentleman’s пишува:
- Марк реши дека ваквото возење е одличен начин да спротистави на негативните стереотипи за мотоциклистите. Од друга страна, мотозаедницата ќе се зближи уште повеќе. На првото возење во 2012 година присуствуваа повеќе од 2.500 возачи, од 64 градови. Успехот на настанот го охрабри основачот да размисли како би можела да се искористи оваа поддршка за некоја вредна цел. Следната година на настанот учествуваа 11.000 возачи од 145 градови низ светот и беа собрани повеќе од 277 илјади долари кои беа наменети за пронаоѓање на лек за рак на простатата. Во 2014 година, учествуваа 20.000 возачи од 257 градови во 58 земји од светот и беа собрани 1,5 милиони долари. Лани, учествуваа 37.000 возачи од 410 градови во 79 земји од светот и беа собрани 2.3 милиони долари. Сите собрани пари секоја година се донираат за пронаоѓање на лек за рак на простатата - пишува на сајтот.
Поради загубата на еден член на клубот кој извршил самоубиство поради депресија, во годинава целта ќе биде променета.
- Сега фокусот покрај истражувањето за пронаоѓање на лек за рак на простата ќе биде и спречување на самоубиствата. На настанот ќе му се приклучи и здружението, а поддршка ќе дадат и Movember, Triumph Motorcycles и Zenith Watches.

Возењето е бесплатно, но сепак убаво е да се направи мала донација. На списокот на нашите моторџии има неколку донации од 200 и 100 долари, но претежно се околу десет.
На возењето може да учествуваат сите што ќе се пријават, а имаат Cafe' Racer, Bobber, Classic, Tracker, Scrambler, Old School Chopper, Modern Classic, Sidecar, Classic Scooter.

На сајтот пишува што е неопходно да понесете со себе:
- Вашите најдобри манири, смислата за хумор и насмевка.
Амбасадори на Distinguished Gentleman’s не се само мажи, туку и жени. Се уште може да се регистрирате и да донирате. Само посетете ја страницата: www.gentlemansride.com

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура