01.10.2016
Живот
Bravo Classic со нов видео запис за Меѓународниот ден на кафето
Еден од најпознатите брендови Bravo Classic на компанијата Рио Кафе и воопшто една од препознатливите трговски марки во Македонија, со новата видео реклама продолжува да ја раскажува успешната приказна за кафето и музиката како еден совршен спој.
Кафето Bravo Classic е Вашиот ритуал, класичен момент за почеток на денот, будење, мирис, вкус, пауза-одмор, единствено, лично, интимно секојдневие, класика. Тоа е исто како односот на музичарот кон својот инструмент, личен момент. Како Влатко со својата гитара.
Независно дали сте вљубеници во специфичниот вкус, приврзаник, или пак, сте обожаватели на силното турско кафе, денес одбележете го Меѓународниот ден на кафето со шоља кафе Bravo Classic и уживајте во новиот видео запис,изјави Влатко Стефановски
Видео рекламата е снимена во импозантниот простор на Националната Галерија Даут Пашин Амам, а заедно со Влатко свири мандолинскиот оркестар „Скопје“ под раководство на маестро Рамадан Шукри.
Денес во никој случај не го прескокнувајте ритуалот на релаксирано пиење кафе.