The Girl on the Train
Базиран на бестселерот од 2015 година од Пола Хокингс, во овој мистериозен трилер игра Емили Блант како еден од највпечатливите ликови во изминатите научнофантастични филмови. Ја игра разведената алкохоличарка Рејчел која смета дека е сведок на убиство гледано од прозорот на воз. Она што следува е вистиннска возбудлива
приказна. Филмот ја има првата премиера на 7-ми
октомври.
American Honey
Приказна за тинејџерка која се приклучува во “магазинска екипа“ чија задача е да привлекува претплатници од врата до врата низ САД. Критичарите го опишуваат како “ колектор на конфликтни емоции и болка, како и неочекувана радост од пронаоѓањето на сопственото племе“.
Премиерата е закажана за 7-ми октомври во Канада, а 14-ти во Ирска и Норвешка.
The Birth of a Nation
Драма за робот Нет Тарнер, кој водел бунт во Вирџинија во 1831 година. Критичарите одлично го оценија на Санденс фестивалот, каде што го опишаа како “биографска драма еднаква на хорор и милост, со брутален крај кој ги доведува емоциите до работ“. И овој филм премиерно ќе биде прикажан на 7-ми октомври во Канада и САД.
My Life as a Courgette
Оваој филм е селектиран во категоријата за најдобар филм на странски јазик за Оскар, а премиерата била изведена на Канскиот фестивал. Кургет се опоравува од смртта на неговата мајка алкохоличарка во сиропиталиште, додека неговата њубов е сведок на самоубиството на нејзините родители. Критичарите сметаат дека не е приказна која е наменета за сите возрасти. Во Франција ќе биде премиерно прикажан на 19-ти октомври, 26-ти во Белгија и 28-ми во Шведска.
I, Daniel Blake
Хумор, страст и бес. Вака критичарите го опишуваат овој
филм кој е во режија на Кен Лоуч. Ќе биде прикажан премиерно во Полска на 21-ви октмври и 26-ти октомври во Белгија и Франција.
Doctor Strange
Миленикот Бенедикт Кумбербач е ѕвездата на ова дело заедно со славните Чивител Еџиофор и Тилда Свинтон, како и Рејчел Мекадамс. Ова е последниот филм од Марвеловите дела, а раскажува за поранешен неврохирург кој се занимава со магија откако неговите раце биле оштетени во сообраќајна несреќа.
Филмот ќе биде премиерно прикажан на 25-ти октомври.
Приказна за жена која жали заради смртта на нејзиниот вереник. Одлична изведба на главната улога Пола Бир, според критичарите и режисерот на филмот. Премиера на 21-ви октомври во Австрија.
Импровизирана комедија, која истражува субкултури во документарен стил. Одличен тим на актери кои ја доловуваат пораката од режисерот. Премиера на 13-ти октомври во Аргентина, Бразил и Шпанија.
‘13th
Првиот документарен филм кој го отвори New York Film Festival и беше награден со овации. Тема е 13-от амандман на Уставот на САД кој теоретски го забранува ропството. Режисер е Ева Дувернеј која го режираше и филмот “Селма“. Достапно на стриминг на Нетфликс од 7-ми октомври.
Aquariu
Критичарите ја опишуваат улогата на актерката Соња Брага како “извонредно прикажан портрет на жена од одредена возраст“. Нејзината улога многу била зборувана и на Канскиот фестивал, што ја вбројува во категоријата за најдобра актерка за Оскар, како потенцијален кандидат. Премиера на филмот се одржа на 1-ви октомври во Канада, 7-ми во Јужна Кореја и 14-ти во САД.