Фото:Youtube screenshot
„Нетфликс“ објави листа со хорор-филмови што се толку страшни, што гледачите не можат да ги догледаат.
Според „Нетфликс“, овие филмови ги гледале голем број луѓе, но се откажале од филмот откако 70 отсто го изгледале.
Најголем број од гледачите го исклучувале филмот пред самиот крај. Ова е листата со најстрашни филмови:
1. Cabin Fever (2016)
2. Carnage Park (2016)
3. México Bárbaro (2014)
4. Piranha (2010)
5. Raw (2016)
6. Teeth (2007)
7. The Conjuring (2013)
8.The Human Centipede 2: Full Sequence (2011)
9. The Void (2016)
10. Jeruzalem (2015)
Еден од филмовите што наскоро ќе се најде на листата е шпанското остварување „Veronica“ на режисерот Пако Плаза.
Филмот ја раскажува приказната за девојче кое со своите другарки, со помош на „оуџи“ табла, се обидува да го повика својот мртов татко. Работите стануваат мрачни кога Вероника ќе се онесвести за време на ритуалот. Од тој момент таа почнува да забележува многу натприродни работи, а ситуацијата го достигнува врвот во период од три дена.
Филмот е инспириран од вистинска приказна, односно за мистериозна смрт на девојка која учествувала во окултни ритуали.