X
 06.01.2023 Култура

Потценети божиќни филмови кои може да ги гледате за празниците

Сакале или не, зимските празници најчесто предвидуваат гледање божиќни филмови. Има некои класични филмови што сите ги гледаме традиционално, како „Сам дома“ или „Како Гринч го украде Божиќ“. Доколку барате нешто друго, во продолжение се неколку божиќни филмови кои често се потценети.

„Сопругата на бискупот“ (The bishop's wife)

Овој филм од 1947 година може да се карактеризира како симбиоза од фантастика со елементи на современа фикција. Во него главната улога ја толкува актерот Кери Грант. Тој игра ангел кој им помага на група жители да се насочат на вистинскиот пат, вклучувајќи го и бискупот, кој го запоставил својот однос со сопругата и ќерката.


Госпоѓа Баба Мразица (Mrs. Santa Claus)

Овој мјузикл од 1996 година се фокусира на сопругата на Дедо Мраз, а улогата ја толкува Енџела Ленсбури. Баба Мразица се наоѓа во Њујорк и не може да се врати на Северниот Пол. Во градот таа стекнува пријатели и успева да промени некои работи.


„Оревокршачка“ (Shchelkunchik)

Дел од најубавите божиќни анимирани филмови се од Русија. Овој анимиран краток филм од минатиот век вреди да се погледне.


„Човекот кој го измисли Божиќ“ (The man who invented Christmas)

Овој филм служи како увертира во животот на Чарлс Дикенс и неговата идеја за пишување на класичната „Божиќна приказна“ (A Christmas carol). Ден Стивенс го толкува самиот автор, а Кристофер Пламер го глуми Скруџ.


„Снешкото“ (The snowman)

Станува збор за краткометражна анимирана алегориска балада која ги има сите потребни божиќни елементи. Ова е приказна за ескапизмот, растењето во сиромашно опкружување, осаменоста, но и минливоста на животот.


Извор: Studentski
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура