Ако ги погледнеме најновите податоци во врска со постигнатите резултати на тестовите за писменост, Финците се најписмена нација во светот.
Кога би ги рангирале нациите единствено според резултатите од проценката за
читање, Сингапур би бил на врвот, а по него следуваат Јужна Кореја, Јапонија и Кина.
Но, во кои држави реално најмногу се чита?
Во 2005 година беше спроведено истражување со цел да одговори на прашањето која нација е најчитачка, согласно NOP's Culture Score
Media Habits index.
Истражувањето покажало дека корисниците во Велика Британија и САД читаат под глобалниот просек (нешто повеќе од пет часа неделно), како што е прикажано на графиконот на Statista.
Според индексот, во Индија се чита најмногу, по што следуваат Тајланд и Кина.
Еуростат, исто така, во 2011 година ја измери количината книги што се прочитале во некои држави во текот на претходната година.
Износот за мерилото „no books“ (не читаат) го означува неволното читање или дури и недостатокот од тоа.