X
 02.03.2018 Наука

Ова се најбараните научни книги за 2017 година

Овие книги сè уште не се преведени на македонски јазик, но се најзначајни книги за науката во 2017 година. Тие предизвикаа голем интерес кај читателите и вреди да се прочитаат.



1. „The River of Consciousness“ - Во постхумно објавената збирка есеи, која вклучува и некои што никогаш претходно не биле објавени, Оливер Сакс оживува додека ги споменува придонесот на Фјорд за неврологијата и љубовта на Дарвин кон креативната природа. Тој ги истражува универзалните промени преку лична перцепција. Не само низ студиите на случаите на своите пациенти, нешто што успешно го запишуваше во своите книги речиси 50 години, туку и преку сопствена студија на случајот, во која тој го надгледува процесот на стареење на своето тело и ум и на крајот - смртта.

2. „The Songs of Trees“ - „Дрвото му се обраќа на нашиот ум, ни говори многу нешта и нè учи многу добри лекции“, напиша еден англиски градинар во 17 век. Биологот Дејвид Џорџ Хаскел смета дека слушањето на дрвјата не е ни метафизичка апстракција ни метафора. Во споменатата книга Хаскел ги опишува најубавите дрвја на светот во лирска проза и со речиси духовно почитување. Тој говори за магичниот начин на кој природата ги поврзува индивидуалните организми во нераскинлива нишка на животот.

3. „Code Girls“ - Во текот на Втората светска војна, кога Ричард Фејнман бил регрутиран како еден од најпочитуваните физичари во земјата за да работи на проектот „Менхетн“ во тајна лабораторија во Лос Анџелес, неговата млада сопруга Арлин му пишувала љубовни писма во шифри од својата смртна постела. Додека Алан Туринг ја дешифрирал нацистичката комуникација преку Атлантикот, околу 11.000 жени работеле на дешифрирање кодови во Америка. Нивната приказна е еднакво херојска како и приказната за жените што се облекувале и се бореле како мажи во Граѓанската војна, а исто така е и еднакво фасцинантна како приказната за таканаречените „Харвард компјутери“, кои направија револуција во астрономијата во 19 век. Тоа е она што Лиза Мунди го пишува во споменатата книга. Таа го опишува брилијантниот портрет на жените како Бланше, Едит и Дот, за кои се верува дека спасиле многу луѓе ставајќи ѝ крај на војната порано, а сето тоа со помош на јазикот и математиката.

Фото: Bizlife

4. „Why Time Flies“ - Во оваа книга писателот Алан Бурдик слоевито, детално истражено и лирично напишано го претставува истражувањето на најизразените димензии на постоењето. Од медитацијата на древните филозофи до генијални психолошки експерименти, авторот истражува различни аспекти на темата. Зошто ни се чини дека времето минува брзо или бавно кога се забавуваме или кога сме во опасност? И што всушност мериме кога говориме за времето?

5.„The Great Unknown“ - Англискиот математичар Маркус ду Соутој од Оксфорд во оваа книга истражува седум научни прашања на кои сè уште немаме одговор. Тој ги нарекува „рабови“, означувајќи ги хоризонтите на знаењето над кои моментно не можеме да гледаме - од свеста, преку сложеноста на хаосот, па сè до црните дупки и прашањето дали вселената е бесконечна. Во ова време треба да се потсети на убавината и вредноста на непознатото, како наши главни граници на цивилизацискиот развој.

6. „The Dialogues“ - Клифорд Џонсон создал најневообичаен и оригинален графички роман кој истражува некои од најфасцинантните аспекти на модерната наука. Џонсон зел слободно време, колку еден семестар, за да може сам да научи да црта и да илустрира. Фокусот на книгата е на разговорот за црните дупки, квантната електродинамика, Теоријата на релативноста и други возбудливи научни загатки.

Фото: Bizlife

7. „Black Hole Blues“ - Ова е дело на астрофизичарката Џана Левин и е едно од оние ретки достигнувања во кои книгата за науката маѓепсува не само поради темата, туку и поради сјајната проза. Книгата е конечна хроника на откритија што добија Нобелова награда за физика во 2017 година - препознавање на гравитационите бранови и врвот на обидот да се чуе звукот во вселената.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука