X
 08.10.2016 Живот

Кои се најпријателските земји во светот

Сигурно кога сте патувале на повеќе различни места во светот сте забележале разлика во односот на домаќините кон туристите. Нивната гостопримливост и темперамент.


InterNations анкетирале повече од 14 илјади луѓе од 67 држави ширум светот, за да дознаат која од земјите е најпријателски настроена кон странските туристи и какви се воопшто народите според нивните главни карактеристики.

Студијата е најмногу фокусирана на лицата кои се одлучиле да ја напуштат сопствената земја и во моментов живеат во друга земја.

 

 

 

 


Соединетите Американски Држави моментално се за 13 места подолу на листата пријателски настроени земји. Лицата кои живеат таму се и револтирани од количината на даноци кои се плаќаат, како и недостатокот на обезбедени услуги за граѓаните, па затоа се решаваат да мигрираат на друго место.


Други пак се селат заради подобра едукација, или пак промена на работното место.

 

 

 Според извештајот, на врвот на листата како најпријателски настроена земја се наоѓа Тајван. А на самото дно е Кувајт.

 

 

Малта, Еквадор, Мексико, Нов Зеланд, Костарика, Австралија, Австрија, Луксембург и Чешка се во првите 10.


Во истражувањето се земени предвид многу фактори, како квалитетот на животот, леснотијата при барањето на работа, политичката стабилност и воопшто пријателскиот однос помеѓу луѓето. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот