Во 1977 година, НАСА создале грамофонски запис за да ги запознаат суштествата од вселената со звукот кој луѓето го креираат. Произвеле само 12 копии од колекцијата позната како “Voyager Golden Record” - две од нив биле снимени во вселената во тоа време.
Сега, во чест на 40-годишнината од тој проект, двочасовното аудио е достапно за сите.
Звуците се одбрани како селекција од различни култури и различни временски периоди.
“Brandenburg Concerto” на Бах и сенегалска персекуција се водечки на листата композиции. Исто така, застапена е и маријачи музика, познатата “Johnny B. Goode” на Чак Бери, како и Луис Армстронг, Стравински, како звук на детско плачење, чекори, чансирање на ракета, смеа и “Здраво“ на 55 различни јазици.
Една од копиите се наоѓа кај претседателот Џими Картер, две биле снимени во вселената на Voyagers 1 и 2, а останатите бие дистрибуирани во центрите на НАСА и во други институции. Снимките биле толку ексклузивни што дури и Карл Саган кој ја предводел целата работа, не добил копија.
Voyager Golden Record: 40th Anniversary Edition, ќе биде печатена во три златни копии и ќе бидат пакувани со меѓуѕвездено внимание посветено на деталите. Копиите ќе се складираат во кутии заедно со книга, дигитална картичка за симнување материјали од Интернет, и литографска репродукција на оригиналното објаснување за тоа како да се вклучат плочите.
Оваа “вселенска“ музика ќе биде достапна во 2017-та година.