08.05.2019
Наука
НАСА сними спирална галаксија
Американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) со телескопот Хабл ја сними спиралната галаксија НГЦ 2903, заедно со уште 145 околни други слични формации.
– НГЦ 2903 е во склоп на соѕвездието Лав, коешто е оддалечено околу 30 милиони светлосни години од Земјата. На фотографијата на Хабл може да се видат и ѕвезди, вселенска прашина и гасови околу јадрото на галаксијата - објави НАСА.
Снимката е направена во рамки на истражувањата на спиралните галаксии, како и својствата на црните дупки близу нивните јадра.
Извор: МИА