Податоци од американската вселенска агенција НАСА покажуваат дека Земјата постепено се затоплувала кон крајот на 19 век. Од 2000 година трендот на затоплување се забрзува, покажуваат податоците од агенцијата.
Мај 2020 бил околу 1,5 Целзиусов степен потопол од просечното според податоци од 1880 наваму. Како што се гледа од месечните температури за одбрани години од 1880, температурите во зима очекувано се под средната вредност, а летните температури се над средната вредност, но тие сè повеќе се оддалечуваат од просекот.
Фото: Pixabay
НАСА и американската Национална океанска и атмосферска управа потврдиле дека месеците од февруари до април годинава биле втори најтопли досега регистрирани, додека јануари и мај 2020 биле приближно исти како и јануари и мај 2016 (годината кога биле забележани највисоки температури во февруари, март и април).
Научниците веќе предвидуваат дека 2020 ќе биде најтопла година регистрирана досега. Засега, 2016 била најтопла во однос на просекот, а на второто место е 2019. Јули 2019 се смета за најтопол месец регистриран на Земјата досега.
Фото: Pixabay
Како податоци биле користени температури од метеоролошки станици на копно, но и на бродови и сателитски мерења на температурата на океаните.
Според научните откритија, глобалното затоплување ќе доведе до промени во интензитетот и траењето на екстремните временски услови.
Извор:
weforum.org