Денес е понеделник, 10 октомври 2016 година, 284-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:35, а ќе зајде во 18:03 часот. Денот ќе трае 11
часа и 27 минути.
Почетокот на новата работна недела го започнуваме со облачно и дождливо
утро во поголем дел од Македонија но и потопло со повисоки утрински
температури во однос на претходните денови.
МАКЕДОНИЈА – Македонија денеска ќе биде под влијание на Медитерански
циклон кој што ќе донесе нестабилно време со врнежи од дожд кои ќе бидат
проследени со доумерен засилен југозападен и југоисточен ветер.
Поинтензивни врнежи се очекуваат во југозападните, југоисточните како и
во источните и североисточните предели каде локално се очекуваат да
наврнат и до 20 литри дожд. Утринските температури од 5 до 14 степени,
додека пак максималните дневни од 11 до 20 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје облачно со врнежи од дожд и ветровито време. Ќе дува
доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени, а
максималната дневна до 16 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Нестабилното време ќе продолжи и во наредните
денови, односно во вторник и среда облачно со врнежи од дожд и ветровито
време. Во среда поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните,
источните и југоисточните предели, а максималните температури ќе
достигнат до 11 односно до 21 степен. Во четврток поинтензивни врнежи ќе
имаме во северните и североисточните предели а дневните температури ќе
се движат од 9 до 19 степени. Во четврток и петок стабилизација на
времето и повисоки дневни температури, додека пак утринските ќе бидат во
опаѓање.
Weather4all.com.mk