Нуклеарната фузија е процес кој со децении се смета за потенцијален извор на бесконечна енергија и е идентичен со фузијата што се случува во јадрото на сонцето.
Јадрата на полесните елементи меѓусебно се спојуваат под влијание на високите температури, магнетните полиња и притисокот, креирајќи потешки елементи, при што се ослободуваат големи количини енергија.
Со спротивставување на сончевите фузиски процеси во специјално дизајнирани реактори, односно со спојување на атоми од водород, научниците успеале да добијат хелиум, на тој начин создавајќи
„чиста“ енергија. Еден ден, ова би можело да ги „истисне“ од употреба фосилните горива.
За да може да се предизвика ваква реакција, потребно е суперзагреаниот гас што се наоѓа во состојба на плазма, да се изложи на голем притисок кој ги згуснува атомите и доведува до нивна меѓусебна реакција.
Научниците од Технолошкиот институт во Масачусетс и Фузиониот центар од Кембриџ успеале да постигнат рекорден притисок во реакторот Alcktor-C Mod Tokamak, надминувајќи го претходниот рекорд за 15 проценти.
Благодарение на притисокот од 2,05 бари, што е еквивалент на притисок на 10 метри под нивото на морето, истражувачите создале температура од 35 милиони Целзиусови степени, што е двапати повисока од онаа во сончевото јадро.
Тоа резултирало со создавање на неколку стотини билиони фузиски реакции по кубен метар во секунда, пишува МИТ Њуз.
Резултатите се претставени на Конференцијата за
фузиска енергија што Меѓународната агенција за атомска енергија ја одржа во Кјото.